Регулаторна ја донесе одлуката: Големо поскапување на нафтата во Македонија

pumpa-2 (1)

Бензините поскапуваат за половина односно за 1 денар, а дизелот поскапува за дури 3 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.04.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.