Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата

Регулаторната Комисија за енергетика денеска стандардно по две недели од последната цена, определи нова цена на бензините во Македонија.

Се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16%, односно за 0,01% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 23.07.2018 година.

к за 0,16%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,01%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,246 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,651 ден/кг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.