Бензините поевтинуваат за 4 денари, а дизелот за 3,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката, од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се точи за 63, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 65 а Дизелот за 61 денар по литар.
Намалувањето на цената се случува бидејќи цената на суровата нафта е во слободен пад.
За помалку од 2 недели, цената е пониска за 10 долари за еден барел, што го донесе ова поголемо намалување изминативе 4 недели.