Aктуелниот европски првак Реал Мадрид го објави планот за реновирање на стадионот “Сантијаго Бернабеу” кој според првичните прогнози ќе чини вртоглави 525 милиони евра.
Реновирањето на култниот стадион би требало да започне со почетокот на идната година, а ќе трае три ипол години. Капацитетот на стадионот од 81.000 гледачи ќе остане непроменет, а најголемата промена ќе биде надградбата во форма на школка околу стадионот.
Меѓутоа, претседателот на Реал, Флорентино Перез, како клучен дел од реновирањето на стадионот ја означува изградбата на подвижен кров.
Последната обнова на овој стадион е направена во 2001 година.
? The new Santiago Bernabéu Stadium.#RealMadrid pic.twitter.com/6qUYfsPPEA
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) September 23, 2018