Реал Мадрид е сериозен во намерата да го доведе еден од најдобрите играчи на светот- Моамед Салах.
Откако го договори трансферот на Алаба од Баерн Минхен, првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перес е на добар пат да го ангажира и Салах, тврди новинарот на “Скај Спорт” Анџело Маниџианте.
Флорентино е сериозен во намерата да создаде тим кој во наредниот период ќе владее со Европа.
Претседателот на Реал сака да ја искористи моменталната состојба во Ливерпул. Имено, Египќанецот изјавил дека бил незадоволен со статусот кој го има во Ливерпул, но и дека не размислува за трансфер во Шпанија.
Салах на 175 утакмици за Ливерпул има постигнато 110 голови и запиша 45 асистенции.