На објавата од порталот “Три.мк” дека наводно извршители тропнале на вратите на регионалната телевизија “Канал Визија”, пристигна реакција од фирмата “Фининвест” која е мнозински сопственик во телевизијата.
Реакцијата на “Фининвест” ја објавуваме во целост:
“На веб страницата www.tri.mk, како и видно од тоа кои го основал доменот, на ден 13.11.2018 година, објавена е статија со наслов: “ИЗВРШИТЕЛИ ТРОПНАА НА ВРАТИТЕ ОД КАНАЛ ВИЗИЈА”.
Во оваа статија се изнесени груби и навредливи зборови, како и неточни информации за случувањата за последните два месеци од работењето на ТРД Канал Визија Доо Прилеп, каде ние сме мнозински сопственик.
Најпрво, да разјасниме, директни или индиректни бизнис или други релации со СДСМ сме немале и нема да имаме, бидејќи како фирма и групација, никогаш не сме биле политички определени, тоа го гарантираме и стоиме зад тоа што го изнесуваме и зборуваме.
Имено, сето горенаведено, е поткрепено со тоа што, немаме воопшто никаква соработка и подршка од локалната самоуправа, тоа е факт и видливо.
Имено, промената на сопственичката структура е направена на 31.05.2018 година, а не во месец јуни како што е наведено во самата објава.
Телевизијата, како што наведувате во самата објава во ниеден момент не била на удар на извршители, ниту има долг од над 4.000.000 денари, износот кои го спомнувате е побарување на мнозинскиот сопственик на ТВ, фирмата Фининвест, за која поведе постапка на попис и проценка на имотот на ТВ, за да се направи зголемување на основната главнина на друштвото, кои што е по основ на купен удел, инвестирање во опрема и целосно ребрендирање на ТВ.
По промената на сопственичката структура, не само што се задржани сите вработени, туку се вработени и нови, и нето плата е зголемена за сите согласно систематизацијата во ТВ, сите вработени се со договори за вработување на неопределено време, и паушални лажни ви се наводите дека “уредувачката политика ја води надворешно лице без продолжен договор за вработување.
Како медиум, ги почитуваме сите законски и подзаконски одредби од Законот за радиодифузна дејност, и во ниеден момент нема простор за одземање на дозволата за работа, и истиот ќе опстои во целост.
Точно е тоа, дека сметката на Канал Визија е блокирана, но не од обврски во нашето превземање на медиумот, туку за работен спор, воден од претходното раководство, и за истото од наша страна е вложен вондреден правен лек – ревизија до Врховен суд Скопје.
Наведените наводи во вашата објава се во целост невистинити и измислени и се исклучиво со намера да се наштети на чест и угледот на ТВ Канал Визија, како и на мнозинскиот сопственик Фининвест”, се вели во реакцијата на компанијата “Фининвест” која е мнозински сопственик во “ТВ Канал Визија”.
Порталот “Маркукуле” интегрално ја пренесе информацијата објавена oд порталот “Три.мк” за што постои и конкретно наведен извор на информацијата. Сепак, во интерес на добрите практики порталот “Маркукуле” и се извинува на фирмата мнозински сопственик во ТВ “Канал Визија”, “Фининвест”, за пренесената информација до читателите.