Рајска градина: Прилепчанец го уреди до совршенство дворот на манастирот Св. Илија Писокал (ФОТО)

Управата на манастирот Св. Илија Писокал кај прилепското село Кален, секојдневно го разубавува и пожртвувано се вложува, ова светилиште да стане едно од главните дестинации за верниците и добронамерниците од околината, но и за секој гостин кој ќе го посети градот под Марковите Кули.

Ако ја отворите Фејсбук страната на манастирот, ќе видите дека речиси секојдневно овие луѓе неуморно работат, изнаоѓаат донатори, го средуваат секое ќоше, а резултатот од нивната работа е за секоја пофалба.

Последниве денови блесна и кругот на манастирот, а за тоа задолжен бил Гоце Јорданоски, кој тревните површини ги претворил во една мала рајска градина, во која ќе уживаат сите, и стари и млади.

Секоја чест!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.