Руската телевизија “Раша Тудеј” објави видео од најдраматичните случувања во македонскиот законодавен дом, кои следуваа вчера кога разгневена маса на граѓани влезе во Собранието на Република Македонија, изреволтирана од нелегитимниот избор на претседател.
На видеото се гледа како ниту пратеникот Влатко Ѓорчев, ниту Никола Тодоров не можат да ја спречат разгневената маса која се втурна кон лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Веднаш до Заев е и лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, како и Талат Џафери.
На снимката се гледа како летаат стативи, столчиња и делови од мебел.
А.Г.