Растура во Турција и полни мрежи, а не добива повик за репрезентација: Јаховиќ стрелец на 4 погодоци

Сезоната во турската прва лига е на самиот почеток, а поранешниот македонски репрезентативвец, Адис Јаховиќ веќе постигна десет голови. Вечера тој четири пати ја тресеше мрежата на Денизлиспор во победата на неговиот Јени Малатијаспор од 4-1.

Првите два гола ги постигна од пенал, третиот со глава, а последниот беше вистинска мајсторија.

Јаховиќ има дадено седум гола во турската Суперлига и три во квалификациите од Лига Европа, но и покрај тоа не добива повик од селекторот Игор Ангеловски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.