Припадниците на специјалната единици на Косово – Роса наскоро ќе имаат нови комплети полициски униформи.
Тие ќе бидат во сива боја, а заедно со нив и припадниците на оваа единица ќе носат нови борбени елеци, пренесува ИНФОМАКС.
Ова укажува дека властите во Приштина сериозно се подготвуваат за 1 септември за кога е предвидено да се спроведе одлуката за укинување на српските документи и регистарски таблички. Бидејќи Србите јасно кажаа дека нема да ги прифатат овие мерки, владата на Курти очигледно подготвува насилно сценарио.
Да потсетиме, косовските специјални сили и делови од нивната таканаречена армија вчера изведоа вежба со помош на турски, германски, британски и американски инструктори од КФОР, со која меѓународната воена мисија изречно ја прекршија резолуцијата 1244 на ОН Советот за безбедност.