Градоначалникот на општина Крушево, ТОме Христоски на Фејсбук пишува дека ќе поднесел оставка доколку на предвремените парламентарни избори во Крушево победело ВМРО-ДПМНЕ.
Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во целост:
“Како Градоначалник на Крушево, како крушевчанец, но и како граѓанин на нашата држава Македонија ќе се вложам на престојните парламентарни избори да победи мнозинството предводено од СДСМ особено во мојата општина Крушево.
За оваа основана причина во секој поглед ги повикувам моите сограѓани, секако мнозинството затоа што посебно во Крушево има голема разлика од тоа каде беше општината пред 2,5 години, а каде е сега, да ја поддржат мојата јасна, видлива одлучност и визија за иднината на нашето Крушево.
Вистински патриот се вложува и дава се од себе за изградба на поубаво, а не за разнебитување на Крушево со лаги манипулации и опструкции.
Вистински патриот се препознава во тоа што прави, направил и оставил зад себе, а не со пишување мало граѓанштини, омаловажувања, ширење незадоволство, лажен патриотизам и национализам.
Општина Крушево е претворено во огромно градилиште за што допрва доаѓаат главните големи и значајни за развој инфраструктурни проекти кои биле поим да се замислат, а не да се имплементираат.
Јас сум предводник на иднината градењето, иновативноста и просперитетот на мојата општина и моите сограѓани, тој е победничкиот концепт за кој сите треба да се стремиме, бориме и работиме.
Доколку во Крушево победи ДПМНЕ со својот национализам, виденото лошо минато, безидејноста и разграбувањето, нереформираните криминални кадри, НЕМАМ право да продолжам да ја водам општината, затоа што очигледно не сме работеле во интерес на граѓаните, НЕМАМ ниту причина да го продолжам градоначалничкиот мандат.
Тоа не е мој концепт, а сум сигурен и сум тврдо убеден не е ниту концепт на граѓаните и сите оние кои ме избрале и поддржале.
Општина Крушево е на прав пат да стане Европска општина и станува посакувана престолнина за туризам, со раст и развој во секое поле”.