Ранци, училишен прибор и производи за сите првачиња на вработените во Витаминка (ФОТО)

Витаминка ги израдува најмалите на своите вработени, со ранци, училишен прибор и производи. Сите дечиња на вработените во Витаминка, кои денеска за прв пат зачекорија низ школските клупи, беа гости во компанијата и си ги подигнаа своите подароци.

-Со овој мал, но искрен гест, Витаминка сака да им посака многу среќа, насмевки и успеси на нивниот прв училишен ден. На сите првачиња им посакуваме среќен и успешен почеток на школувањето – напишаа од прилепското царство на вкусови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.