На Фејсбук страната “Ракометни вести” објавена е информација дека љубителите на ракометот ќе останат без пренос од Светското превенство во ракомет кое во јануари ќе се одржи во Германија и Данска.
Мундијалот ќе може да се гледа само на Арена Спорт – пишува на страната, додека другите национални телевизии нема да вршат пренос.
“ШОКАНТНО : Светското првенство што ќе се одржи во Германија и Данска во Јануари без ТВ Пренос на Македонска телевизија!!!!!!
За прв пат во историјата, настапот на нашите ракометари на едно големо натпреварување нема да може да се проследи на нацинална македонска телевизија. Мундијалот ќе може да се гледа на Арена Спорт”, пишува на “Ракометни вести”, a долу се нижат коментари.