После долги години ракометот во Прилеп одново оживува, благодарение на храброста, борбеноста и пожртвуваноста на ракометарите и стручниот штаб на амбициозната екипа на РК Прилеп.
Изминатата вечер ракометарите на РК Прилеп беа поуспешни во дуелот со Работнички во Скопје и со резултат 29:31 ги совладаа домаќините.
Со оваа победа прилепчани обезбедија излез на европска сцена и настапи во Челинџ купот наредната сезона.
Љубителите на ракометот во Прилеп одново имаат прилика да гледаат една сериозна екипа која располага со распон на квалитети и потенцијал.