Ракометарите ја разочараа нацијата

Maкедонија попладнево загуби на гостувањето кај Грција со 28:26 во вториот квалификациски натпревар за Европското првенство во Германија 2020 година.

Иако до последните 10 минути нашите репрезентативци постојано ја имаа иницијативата на теренот и водеа со еден или два гола разлика, Грците ги искористија нашите грешки и успеаа да направат целосен пресврт и успеаа да ја задржат предноста до самиот крај.

И овој пат се покажа дека нешто не “штима” во нашата репрезентација, па она што го кажа капитенот Лазаров после натпреварот со Турција, одново се покажа на дело.

Црвено-жолтите изгледаа дезориентирани и направија огромен број грешки, па од таму и овој изненадувачки пораз од аутсајдер како што е Грција.

Квалификациите за Европското првенство во Германија продолжуваат наредната година во април, кога Македонија прво гостува кај Исланд.

На табелата Исланд има две победи и максимални 4 бода, а Македонија поради подобрата гол разлика од Грција се наоѓа на второто место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.