Ракометарите на РК Прилеп, синоќа на домашен терен претрпеа нов катастрофален пораз. Овој пат од Радовиш, а крајниот резултат на семафорот беше 32:54 (13:25 на полувремето).
Гостинските ракометари на натпреварот постигнувале по речиси еден гол во секоја минута од натпреварот.
РК Прилеп се наоѓа на претпоследното место од плеј аут табелата и му претстои бараж натпревар за опстанок во најелитното ракометно друштво.
Состојбата во клубот не е ниту малку сјајна, а за тоа пишуваат и дел од поранешните ракометари и познати имиња на вицешампионската генерација на Тутунски Комбинат.