Неофицијално дознаваме дека синоќа на Влада дошло до промени на директорското место во Инспекторатот за земјоделие.
Кадарот на ЛДП Jaне Станкоски кој досега ја извршуваше директорската функција, како што неофицијално дознаваме е заменет со Благој Индов?
Прилепскиот директор и стана познат на јавноста, по како што објавија медиумите, набавката на супер луксузна лимузина “Шкода” од 32.000 евра.
Како што тогаш информираше порталот “Курир”, Станкоски пред Нова година, поточно на 25 декември, склучил договор со компанијата “Јосифов” од Битола, за набавка на автомобил во вредност од 2.010.124 денари.
На информацијата за луксузот и расфрлањето со народните пари бурно реагираа голем број прилепчани, но претпоставените на Станкоски, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев, досега не преземаа ништо.