Кој рече дека постењето не е забавно и не може да се ужива во храната? Ви нудиме неколку посни рецепти кои буквално ќе ви го одземат здивот. Едноставно, но многу вкусно.
Продукти
За 2 порции:
- 1 банана
- ½ авокадо
- 5-6 урми
- 1 лажица сусамов таан
- ½ лажица кокосово масло
- 1 лажица мелени овесни снегулки
Начин на подготовка
Блендирај до добивање на хомогена смеса. Послужи во мали чинии и остави да се излади 2 часа во фрижидер.
Продукти
За 6 порции
За основата:
- 50гр бадеми, предходно накиснати во вода
- 8 урми
- 2 мали лажички какао
За кремот:
- 2 раце ореви
- 10 урми
- 2 банани
- 2 лажици сусамов таан
- 3 лажици кокосово масло
- Малку сол
За топинг:
- 2 лажици мед
- 1 лажица какао
Начин на подготовка
Блендирај ги продуктите од основата до хомогена смеса. Нанеси ја основата во калапчиња за мафини.
Кремот се подготвува на истиот начин- блендирај и потоа нанеси над основата.
Топингот го соединуваш и се премачкува десертот.
Остави го во фрижидер 2 часа пред сервирање.
Продукти
За 250 грама чоколада
- 140гр. Путер од какао
- 40 гр. Какао
- 2 лажици мед
- 1 лажица кокосово масло
- 50 гр. Јаткасти производи по избор(ореви, лешници, бадеми, фстаци)
- Сува брусница
Начин на подготовка
Растопи ги маслото од какао и кокос на пареа. Соедини ги со какаото во прав и медот. Оваа смеса ја истураш во рамен сад,нароси со јаткастите плодови и брусница. Остави во фрижидер 1 час.
Пишува: Марина Релушкоска – дипломиран Нутриционист