Разбојништво се случило вчера вечер во маркет на улица „Ваљевска“ во Пеилеп.
Две маскирани момчиња влегле во маркетот и со закана со пиштол извршиле разбојништво во обид врз вработените.
Едно од лицата, соопшти денеска МВР, било совладано од вработените и присутните граѓани и приведено во Полициската станица во Прилеп за понатамошна постапка. Се работи за лицето С.С.(27) од Прилеп.
По кратко време од страна на полицијата приведено е и второто лице Д.Д.(26) од Прилеп.
Извршен е разговор со двајцата и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.