Шампионот Еурофарм Пелистер стигна до лесни 3 бода, откако попладнево во спортската сала “Боро Чурлевски”, стигна до висока победа на РК Прилеп.
Крајниот резултат на семафорот беше 42:29 (18:14 на полувремето). Ова беше четврти пораз за прилепчани сезонава, кои во седум одиграни кола имаат исто толку освоени бодови.
Хрватскиот пикер Томислав Квастек беше најефикасен во гостинскиот состав со дури 10 погодоци, а кај пелистерци Костески и Ѓорговски постигнаа по 9 погодоци.
Во наредното коло прилепчани имаат уште едно тешко гостување кај Бутел во Скопје.