Пушењето може трајно да влијае врз гените

Едно ново истражување спроведено во САД покажува дека пушењето цигари може да промени над 7.000 гени и така да предизвика развој на многу болести, пренесуваат американските медиуми.

 

2

Кај голем број на гени овие промени се трајни, но во некои случаи оштетувањата можат да исчезнат по пет години од прекинот на пушењето.

Наодите, објавени во стручното списание „Сиркулејшн: Кардиоваскулар Генетикс“, се темелат на анализа на податоци собрани за потребите на 16 претходни студии.

Севкупно во овие студии учествувале 16.000 испитаници, а некои се следени и повеќе од 30 години.

Пушењето е основен ризик фактор за голем број смртни случаи во светот и годишно однесува околу шест милиони животи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.