Путин ќе го променува Уставот: Поднел амандман- бракот е заедница меѓу маж и жена

Претседателот на Русија, Владимир Пyтин, денес до државната Дума поднесе амандман за признавање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, изјави потпретседателот на Думата, Пјотр Толстој.

“Претседателот Владимир Владимирович Пyтин ги поднесе своите предлози до државната Дума, на последниот ден предвиден за поднесување уставни амандмани”, рече Толстој.

Амандманот е претставен на 24 страници.

“За мене најважен предлог е концептот на бракот како заедница меѓу маж и жена да се вгради во Уставот и мило ми е што овој амандман го иницираше шефот на државата”, заврши Толстој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.