Целиот свет денес го следеше состанокот на двајцата лидери во Хелсинки.
Рускиот претседател, Владимир Путин, му подари на својот американски колега, Доналд Трамп, топка од Светското првенство во фудбал.
„Топката е во твои раце. Фудбалската метафора што ја употребивте, претседателот тукушто рече дека конечно го спроведовме Светското првенство. Сега јас би сакал да му ја подадам топката на претседателот Трамп. Сега топката е во негови раце. Се очекува САД да бидат домаќини на Светското првенство во 2026 година“, рече претседателот Путин.
Toj ја прифати топката и му заблагодари на Путин, а потоа ја фрли кон неговата сопруга Меланија, која седеше во првиот ред.
Ова се случуваше за време на заедничката прес-конференција што се одржа во Хелсинки, каде што, меѓу другото, стана збор и за првенството и успехот на репрезентацијата на Русија.