Путин: Во ред, ја покажавме силата, нема повеќе опуштање

putin-rusija-ljut-vladimir-predsednik-e1447759595685-600x364

 

На проширената седница на Колегиумот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, Путин ги предупреди припадниците на воениот врв дека не смее да има опуштање.

– Го свртувам вниманието: ако си дозволиме да се опуштиме макар и една минута, ако си дозволиме само еден поголем кикс во модернизацијата на војската, воената флота и во обуката на единиците, ситуацијата може брзо да се промени.

Со оглед на брзината на настаните во светот – Русија нема да стигне тоа ни да го забележи, вели Путин.

Тој дополнително прецизираше и нагласи: “Мораме уште многу да направиме. И покрај се, ние веќе денес, и покрај сите влијанија, сме посилни од секој потенцијален агресор”.

Одма после тоа подвикна : ” Од секој!”

Говореќи за клучните задачи во 2017 година, рускиот лидер нагласи дека многу работи ќе зависат од успехот во реализацијата на она што започна последните неколку години:

– Важно е да го одржиме темпото на опремување на војската и флотата со ново вооружување. Министерството за одбрана е должно да го осигура развојот на сите видови и родови на војската, да продолжи со воведување на високопрецизно оружје…”

 

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.