Пуликсенија одлично ги претстави Прилеп и Македонија на Олимписките игри: Беше во конкуренција со најдобрите 10 во светот

Македонска каратистката Пулексенија Јованоска го освои претпоследното место во својот дебитантски настап во кати на Олимписките игри.

Македонката ноќеска настапи во првата квалификациска група и освои 23.80 и 24 поени, односно оствари просек од 23.90, недоволно да се квалификува во следната рунда.

На крајот Јовановска беше последна, петта во својата група или вкупно деветта од десет натпреварувачки.

Сепак, Јованоска одлично ги претстави Прилеп и Македонија на Олимпијадата. Треба да се земе во предвид дека беше во елитно друштво каде имаше далеку повозрасни и поискусни од неа натпреварувачки, особено Сандра Санчез од Шпанија која има 39 години и

Пуликсенија беше во конкуренција со 10-те најдобри во светот и не може да и’ се замери буквално ништо.

За својот настап на татамите таа вели:

„Колку вредеше, сите овие години, тренинзи, пот, солзи, повреди, неправди.. Презадоволна од сè што дадов на татамите! Привилегија е што бев дел од оваа приказна, завршив на деветттата позиција.

Горда на себе за секоја секунда помината во сала сите овие години. Фала ти Боже за сè’. Ви се заблагодарам на сите за огромната поддршка,на сите вие што верувавте во мене кога беше најтешко“, рече прилепчанката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.