Синоќа во хотелот “Мериот” во Скопје по втор пат се одржа манифестацијата “Вечер за жени во спортот”.
Манифестацијата има за цел промовирање на женските успеси во спортот кај нас, а е во организација на граѓанската организација “Такт”, која се залага за унапредување на родовата еднаквост во спортот и промоција на лидерство преку спорт.
Спортски статуетки за достигнувања во спортот се доделија во 12 категории, а во категоријата најдобра спортистка во индивидуален спорт за 2019 година беше избрана Пулексенија Јованоска од Прилеп.
Нејзиното обраќање на манифестацијата можете да го проследите во продолжение: