Пукање во прилепско: Со прострелна рана завршил во прилепската болница

На 02.07.2018 година во 15,30 часот било пријавено дека на патот од село Црнилиште кон село Ропотово кај монополот на излезот од село Црнилиште, Ф.А.(24) од село Норово, крушевско, кој бил сопатник во патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од неговиот татко А.А.(53) од село Норово, крушевско, од фиоката во возилото извадил огнено оружје – пиштол и со намера да пука надвор од истото, испукал неколку пати и се повредил во подколеницата на левата нога, при што се здобил со прострелна рана.

Потоа бил пренесен во Градската болница во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Во возилото биле присутни и сопругата на повредениот со малолетното дете и неговата мајка. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.