Пукано на пејачот Дарко Лазиќ – пејачот бил претепан, а потоа однесен во болница

Пејачот Дарко Лазиќ е претепан синоќа околу 22:40 часот во населбата Умчари кај Белград, кога засега непознати лица го нападнале, пукале од огнено оружје, а потоа го претепале, дознава српски “Курир”.

Kako што дознава порталот, Дарко Лазиќ не е ранет, туку два куршуми кои биле испукани кон него го промашиле.

Пејачот со повреди е пренесен во болница, каде му е укажана медицинска помош.

Како што дознава порталот, Лазиќ во Умчари дошол на приватна забава, каде требало да пее на прослава за 18 роденден. Меѓутоа, Лазиќ и неговиот возач ги пресретнал автомобил “Ауди А4” со темна боја караван, во кој се наоѓале 4-5 лица кои биле наоружани.

Напаѓачите го испрскале со солзавец, а потоа го нападнале и физички. Го тепале по телото и главата, рацете и нозете, а неговиот возач добил удар од пиштол по главата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.