Птицата “Голем нуркач” по многу години повторно се појави на охридското пристаниште

По многу години, на охридското пристаниште се појави редок вид птица -“голем нуркач”, која е дел од живиот свет на Охридското Езеро.

Hамаленото присуство на луѓето периодов предизвика да се забележат и некои досега „невидливи“ животински врсти, објави иницијативата Охрид СОС.

На охридското пристаниште деновиве е забележан и Големиот Нуркач (Podiceps cristatus) фатен од камерата на член граѓанската иницијатива .

-Лебедите навлегуваат кон чаршијата, а пак други врсти се охрабрени и слободно се чувствуваат по паркови, зелени површини. Во недостиг на градска бучава се слуша пеењето на птиците. Во вакви услови можеме да видиме колкав е човечкиот притисок врз нив, врз животната средина и колкав простор им одземаме“, велат од Охрид СОС.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.