Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Прилеп поднесе kpивична пријава против Е.Б.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени kpивични дела „неовластено производство и пуштање во промет на нapkoтични дpoги и псиxoтропни супстанци и преkupсори“ и „послужување“ и против Џ.А.(58) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нapkoтични дpoги и псиxoтропни супстанци и преkupсори“.
На 04.09.2019 на ул.„Беровска“ во Прилеп полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што пронашле и одзеле метадон, додека при преглед на Т.Н. пронашле и одзеле метадон, кои претходно ги набавила од второпријавениот. По преземени мерки било утврдено дека првопријавениот му дал здравствена легитимација и рецепти за метадон на второпријавениот, по што тој набавил метадон од аптека во Битола.