Професорот Трајковски: Сите три блока во РЕК Битола се исклучени, за среќа струјата која ја увезуваме е поевтина од таа која ја произведуваме со грчки јаглен

Сите три блока од РЕК „Битола“ од сношти се исклучени и моментално функционираме благодарение на струјата од увоз – пишува на својот Фејсбук профил Универзитетскиот професор од Битола, Дејан Трајковски.

Неговиот ФБ статус во целост го пренесуваме во продолжение:

-Добрата вест е што барем следните 2-3 дена РЕК „Битола“ нема да произведува загуби за државниот буџет, бидејќи увозната електрична енергија, по средна цена од околу 72 евра/MWh (базен товар) е двојно поевтина од енергијата произведена во РЕК Битола со грчки јаглен (најмалку 142 евра/MWh). Дури и со сопствен јаглен, поради недомаќинско работење цената достигнала просечно 110 евра/MWh. Ќе заштедат и девизи, бидејќи и за грчкиот јаглен се трошат девизи и тоа повеќе отколку за увоз на струја.

Инаку од буџетот, од пари на граѓаните се покрива разликата од 58 евра/MWh (цената по која ЕСМ им продава на ЕВН) до производствената цена со грчки јаглен или увозната цена на самата струја (142 евра/MWh, односно 72 евра/MWh). Не е исто дали се покрива загуба од 84 евра/MWh или 14 евра/MWh.

Така стојат работите кога владеат недомаќини и некомпетентни луѓе, кои не знаат да соберат два и два, а обвинителството молчејќи ги штити.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.