„Сите вие што сте родени од 1991 година наваму во индексот кај држава на раѓање треба да ставате исклучително само Македонија и ништо друго. Никакво РСМ, Р.С.М., РС Македонија и слично не сакам да видам“, порачува професорот на Филозофски факултет др. Владимир Трајковски во објава на Фејсбук до неговите студенти.
„Таму не ви пишува држава на живеење, а дури и тоа да ви пишува, не мора да бидете толку политички коректни.
Ви укажувам на прва страница на индекс таму каде што ќе видам такво нешто, во старт имате една оцена пониско.
Или можеби грешам ние имаме пет годишни деца на студии, откога некои политиканти на сила и со манипулации го прифатија пежоративното име. Берете ум во глава!“ напиша Трајковски на Фејсбук.