(Фејсбук статус на универзитетскиот професор Д-р Љупчо Ристовски)
“И сега што правиме!
На 108та седница на Владата на Република
Македонија, е усвоен…внимавајте “финалниот текст на предлог амандманите…“, а финален текст никаде нема.
За да нема забуна, Владата доставува само секвенци, но не и финалниот текст на Преамбулата каде Република Македонија е држава на Македонскиот народ и …(види подолу); ниту на чл. 36 каде е суштински важно да остане континуитетот на денешната Македонија, како круна на вековната борба на македонскиот народ за национална слобода и државност…“…за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност“:
Ова се постојните амандмани и сегашната содржина на Уставот, во овој сегмент:
А М А Н Д М А Н IV
1. Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници…
2. Со точката 1 на овој амандман се заменува Преамбулата на Уставот од Република Македонија.
Член 36
Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција. Посебните права се уредуваат со закон.
А сегашните измени се следниве…читајте внимателно и прашувајте ја Владата … Зошто не го дава интегралниот текст на целокупните амандмани, значи така како што ќе гласи од збор до збор конечниот текст на Преамбулата и чл. 36. Споредете со изгледот на текстот на претходните амандмани на линкот https://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/UstavnaRmizmeni.pdf
и сегашниот предложен “финален текст“:
Значи, логиката упатува дека пред да се гласа во Собрание Владата мора да го претстави финалниот интегрален текст на новата Преамбула и во пакет со чл. 36 (покрај останатите измени), а не вака со секвенци, без да се има увид во конечниот интегрален текст на Уставните измени, како што била вообичаената пракса досега.