Проф. Трајковски: Ако Куба разви 4 вакцини пpoтив Koвид, а Jyгоcлавија за 2 недели paзвила вакцина пpoтив вариола вepa, зарем толку сме пpoпаднале?

ФБ статус на Проф. Д-р Дејан Трајковски од Битола

“Се прашувам, ако Куба (земја под санкции) била самата во состојба да развие дури 4 вакцини против ковид-19, ако Југославија за 2 недели развила функционална вакцина против вариола вера, зарем толку сме пропаднале па ниту се обидовме нешто самите да развиеме, барем за проба и вежба ако ништо друго?

Да пробаа макар со кинескиот метод со цел вирус, умртвен со радијација или хемикалии? Или барем да ја преземеа рецептурата за Спутњик В што Русија бесплатно му ја понуди на светот?

Во краен случај можеа да соработуваат со српскиот институт “Торлак” којшто веќе започна со производство на Спутњик В. Се се може ако се сака, а ако не – ќе се бараат оправдувања, ќе се фрлаат пари и ќе се трпат уцени”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.