Под мотото “Утре можеш да бидеш ти”, членови на сите велосипедски здруженија од Прилеп денеска одржаа мирен протест поради смртта на 42-годишната прилепчанка, која настрада во сообраќајна несреќа на велосипед во петокот вечерта.
Велосипедистите се пожалија на немањето доволна вело инфраструктура во градот, како и на големата сообраќајна некултура на возачите на моторни возила.
Особено упатија критики за патот (старото битолско џаде), каде 42-годишната А.Ц. загина. Побараа МВР и надлежните да обрнат поголемо внимание на овој дел од градот, односно како што го нарекоа “Патот на смртта”.
Во знак на протест велосипедистите поминаа пред Полициската станица и пред зградата на Општина Прилеп.