Пропуштеното во Скопје ќе се надокнадува во Исланд: Македонија вечерва пред нов предизвик

По дебито на Благоја Милевски како селектор на домашен терен против Ерменија (0-0), Македонија во квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година во Катарсе соочува со првото септемвриско гостување и тоа против Исланд.

Исланд оваа година има само три победи на последните 15 средби имаат избраниците на Арнар Видарсон. А, сè уште во тимот се играчи како Сигурдсон, Гунарсон, Халфредсон… „Рибарите“ во изминатите 365 дена успеаја да победат против Романија (2-1) во квалификациите за Европско првенство, против Литхенштајн (4-1) во квалификациите за Светско првенство и против Фарски Острови (1-0) во пријателски натпревар.

За Македонија и Исланд ова ќе биде прва меѓусебна средба по дванаесет години. Последен пат двете селекции играа во 2009 година во рамки на мундијалските квалификации. Во Скопје победи Македонија со головите на Аце Стојков и Филип Ивановски (2-0), додека во Рејкјавик се доживеа минимален пораз (0-1).

Овие тимови играа еден против друг и во квалификациите за СП 1998, а билансот беше домашна победа на Македонија и гостинско реми (1-0 и 1-1).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.