Пронајдено е телото на најважниот патник на рускиот Ербас

1

Пронајдено е телото на најважниот патник на рускиот Ербас. Фотографијата на 10-месечната Дарија стана симбол на трагичната авионска несреќа во Египет.

Дарија (10 месеци) е најмалата жртва која го загуби животот во падот на рускиот авион во Синај, а како што пренесуваат руските медиуми, нејзиното безживотно тело вчера било пронајдено помеѓу остатоците од авионот. Исто така, биле пронајдени и телата на нејзините родители Алексеј и Татјана Громов.

2

Потресната фотографијата која нејзината мајка ја прикачила на социјалната мрежа Инстаграм пред полетувањето на авионот од рускиот аеродром стана симбол за несреќата.

На фотографијата Дарија гледа во авионот, потпрена со рачињата на стаклото. По падот на авионот, преку таа фотографија Дарија беше дефинирана како „најважниот патник“.

Бабата на девојчето вели дека била многу загрижена како малата ќе го преживее летот и им предложила на нејзините родители Дарија да остане кај неа.

Тие сепак откажале. Жената вели дека нејзиниот сопруг и дедото на девојчето бил воен пилот, кој се пензионирал со чин полковник. Нејзиниот син Алекс исто сакал да стане пилот, но таа не му дозволила.

За потсетување, рускиот Ербас кој летал од Шарм ел Шеик до Санкт Петербург, се урна на 31-ви октомври. Загинаа 224 луѓе, 29 од нив се деца. Преживеани нема.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.