Британец на возраст од 44 години стана првата личност во светот која се излечила од ХИВ вирусот.
Користејќи нова екпериментална терапија направена од тим научници од 5 британски универзитети, вирусот целосно исчезнал од неговиот крвоток и ако нема промени тој ќе остане првиот маж кој бил излечен од сида.
Марк Самјуелс, директор на Националниот институт за истражување во здравството, вели дека сеуште се истражува реалната слика од ова лечење во кое се вклучени 50 лица.
Тој вели дека ова е голем предизвик но дека сеуште е рано за се и покрај неверојатниот напредок.