Пронашол црна торба во која имало две тегли: Кога сфатил што има во нив, веднаш повикал полиција

Nuklear-footbal-620x350

Пред една гробница во село северно од Солун, овчар пронашол црна торба во која се наоѓале две тегли. Во двете тегли имало по еден ембрион во формалдехид, пренесе грчката полиција.

Овчарот ја пронашол торбата во селото Врисаки, а кога ја отворил, веднаш повикал полиција.

Полицијата навела дека ембрионите биле во 20-та недела на развој.

Однесени се на патолог, а полицијата покренала истрага, пренесува агенцијата “AP”.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.