Промоција на монографија и отворање на Камерната галерија „Аче“ во Прилеп во чест на Ѓорѓи Ачески-Аче

НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма ќе го одбележат животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче, во среда на 8. април, во „Бабанеделино“ училиште – Камерна галерија „Аче“, Прилеп.

Вечерта ќе биде посветена на зачувувањето на колективната меморија неколку настани. Ќе биде промовирана монографијата „Еден музеј на една архитектура“ – дело кое низ цртежи, записи и сеќавања ја документира „сиромашно убавата“ македонска архитектура. ️ Воедно, ќе биде отворен нов културен простор во Прилеп – Камерна галерија „Аче“ – . Вечерта присутните ќе проследат дигитална презентација – Аче последниот боем со цртежи во сопственост на МАНУ, Националната галерија и приватни колекции.

За ликот на Аче, за боемскиот Прилеп и за „’ркулците“ на македонската ликовна уметност ќе говорат: Мимоза Христоска (директорка на НУ Завод и музеј – Прилеп) Елизабета Иваноска (кустос) Александар Еленин (претставник на списанието „Стремеж“) Кирил Гегоски (уметник и пријател на Аче)

Модератор на настанот: П. Зареска, виш кустос.

Вечерта посветена на Ѓорѓи Ачески – Аче несомнено ќе биде заедничка прошетка низ калдрмисаните улички на минатото и да му оддадеме почит на последниот прилепски боем кој со блок во рака ја овековечи нашата историја. ️️




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.