Промотивно видео за книгата “Историската вистина за Македонија и Македонците” од Александар Донски

Во издание и под покровителство на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Македонското литературно друштво “Григор Прличев” од Сиднеј, наскоро се очекува излегување од печат на книгата „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“ од историчарот Александар Донски. Освен на македонски, книгата ќе биде објавена и на англиски и на грчки.

-Во книгата на едноставен начин се објаснети сите клучни прашања од историјата на Македонија и етногенезата на Македонците. Освен за македонската публика, книгата ќе биде наменета и за странците кај нас, но и за Македонците во егејскиот дел на Македонија, кои немаат доволно познавање за историјата на Македонија и Македонците, или имаат погрешни познавања под влијание на грчката и бугарската анти-македонска пропаганда, вели Донски.

Сега е објавено и промотивното видео за книгата. Проследете го во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.