Вчера во просториите на градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, беше промовирана книгата „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г.г. Ангелариј“ од авторот д-р Бранко Стојановски, наш сограѓанин прилепчанец, инаку доктор по интерни болести, кој повеќе од една деценија живее и работи во Германија.
За делото говореа Слободан Беличански и Моника Талеска. Присутните ги поздрави и градоначалникот Борче Јовчески.
Промоцијата ја отвори и со своите изведби ја збогати хорот „Света Петка“ под диригентство на Гоце Секулоски.
-Оваа книга како бесценето четиво за делото на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј кој што е роден во Долнени, Прилеп, потсетува за придонесот на нашите предци во борбата за конечно признавање на македонскиот народ и држава. Нашата татковина Република Македонија раѓала, раѓа и ќе раѓа личности чии дела ја градат нашата историја, нашето вредно културно наследство кое што како единствен дар и со аманет ќе го предаваме на поколенијата – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп.