Проеска: Крушево ќе добие нова жичapa, градски плажи на езерото и скејт парк (Видео)

Одобрувањето на целокупната туристичка понуда за нашиот град претставува уште еден предуслов за развој на туризмот, како еден од главните чинители за локалниот економски развој на самата општина. Токму за тоа со измена и дополнување на ГУП за град Крушево ќе се предвиди формирање на туристичка развојна зона и ќе се направи доизградба на инфраструктурата во викенд зоната кај езерото, како и изградба на фекалната и атмосферска канализација и пречистителна станица за отпадни води, истакна Билјана Проеска, кандидат за градоначалник на општина Крушево од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со цел подобрување на условите за параглајдерството и одржувањето на меѓународните натпревари ќе изградиме нов функционален објект на Мечкин Камен, како и жичара која ќе го поврзува полетувалиштето Мечкин Камен со слетувалиштето Стопанство.

За да Крушево прерасне во препознатлива туристичка дестинација преку целата година, ние ќе ја зголемиме понудата со активности во сите четири сезони, „4 сезони Крушево“.

Токму затоа ќе изградиме градски плажи на Крушевското езеро, ќе го уредиме просторот околу езерото и ќе понудиме нови адреналински содржини.

За најмладите ќе изградиме скејт парк, како и трим патека до крстот на Вршник, рекреативна пешачка и велосипедска патека Крушево – Слива – Езеро.

На нашите сограѓани им должиме. Гарантираме за подобрување условите за живот во нашиот град, додава Проеска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.