Во рамки на проектот „Климата се менува, од нас зависи“ кој го реализира Милеуконтакт Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а истиот е финансиран од УСАИД, денес во ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп пристигна подвижната еколошка лабораторија.
Учениците имаа можност во оваа модерна и софистицирана лабораторија да се едуцираат за климатските промени и глобалното затоплување кое ја има зафатено земјината топка, а исто така практично се запознаа како се врши мерење на влажност на почва, мерење на температура на тела и почва, спроводливост на течности, ph вредности, мерење на брзина на ветар итн..
Подвижната лабораторија беше целосно опремена со сите инструменти кои се потребни за горенаведените вежби, а воедна истата има и свој сончев колектор преку кој се напојува со енергија.
Целта на овој проект е да ја подигне свеста прво на најмладите-учениците за климатските промени кои ни се случуваат, а за кои во голем дел сме одговорни ние луѓето.