Продолжува силната поддршка на земјоделците, 600 милиони евра наменети за македонското земјоделство во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ

Ќе продолжи силната поддршка на македонскиот земјоделец и македонското земјоделството, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при промоција на новата програма „Реално“.

 

zemjodelci-640x427

-Вкупно 600 милиони евра за следните четири години ќе бидат наменети за поддршка за земјоделците и руралните средини во Македонија, за субвенции и за други потреби на земјоделците. Наместо 50, предвидуваме 60 процентно финансирање на инвестициите за купување трактори, механизација, опрема, основно стадо, подигање на насади. Се подигнува нивото на поддршка за земјоделците да може да дојдат до опрема.

Продолжуваме и 60% кофинансирање на премиите за осигурување и дополнително ќе продолжиме да охрабруваме земјоделците да го осигураат земјоделското производство, за сите типови на земјоделското производство, посочи Груевски.

Тој додаде дека со 80 проценти ќе се финансира инсталирањето на системите „капка по капка“ и за ископ на бунари, како и инвестициите во високо приносен добиток на регистрираните земјоделци и тоа како неповратна финансиска помош, како и трошоците за ознака за квалитет, за елаборат на производот итн.

-За земјоделците и преработувачите ќе има поволни кредити преку Македонската банка за поддршка на развојот, со субвенционирана каматна стапка од 4% и 5% на годишно ниво, односно 2% преку компензационите фондови. Постепено преку системот на субвенциите ќе се најде начин финансиски да се охрабрат земјоделците кои ќе применуваат добри земјоделски практики во смисла на сертифицирано семе и ѓубриво и други практики кои научно се докажани дека се најдобри, објасни Груевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.