Продолжува континуитетот на легализација во Општина Прилеп

Денеска на 60 семејства на свечен чин им беа доделени нови решенија за легализација на диво изградени објекти. Решенијата лично им ги предаде градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој ја истакна важноста и значењето на овој закон, со кој им се овозможи на граѓаните да ги легализираат своите домови.

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-4

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-1

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-2

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-3

„Со ова е решена една голема неправда спрема граѓаните. Сега тие можат да располагаат со сопствениот имот“ – рече тој.
Покрај легализирањето на куќите, граѓаните имаат право да ги легализираат своите викендички, надградби и доградби, стопански објекти. Досега, бројот на легализирани објекти во општината изнесува над 8.500 легализирани дивоградби со што официјалните информации говорат дека Прилеп и понатаму останува на првото место на ниво на Држава по легализирани објекти.

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-8

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-5

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-6

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-7
Инаку, крајниот рок за комплетирање на документацијата, за ново донесените барања за легализација на дивоградби, кои пристигнаа во продолжениот рок даден од Владата на Република Македонија, истекува до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, рокот истекува до 31.12.2016 година.

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-12

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-9

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-10

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-11




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.