ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА ТРОТОАРИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

NOV-TROTOAR

Започнати се активностите за доизградба на тротоарот на улица Филип Втори во Кривогаштани од Црквата Св.Димитрија до Фонтаната. Изградбата е финансирана од општина Кривогаштани во вредност од околу 300 000 денари каде што со бекатон поплочени ќе бидат нешто повеќе од 200 метри квадратни. Со реализацијата на овај проект ќе се оформи една целина заедно со досегашниот тротоар покрај самата црква. Општината и понатаму ќе продолжи со реализацијата на проекти за уредување на централните подрачја на сите населени места во општина Кривогаштани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.