Продолжениот викенд ја испразни Македонија.
Граѓаните уште вчера попладне завршувајќи од работа се упатија кон граничниот премин „Богородица“.
Македонците масовно го користат убавото и топло време да го поминат на море во соседна Грција.
За Задушница Македонија очигледно ќе се испразни, а за следниот споен викенд малку ќе почекаме подолго, бидејќи ни доаѓа дури во септември и тоа на денот на државноста, 8 – септември.