За трговскиот центар кој што го ветивме кај старата хала на Металец во Прилеп, во предизборната програма, разговарам на дневна основа до директорката на УЈП, од нив очекуваме проценка на движните ствари кои се на парцелата, ќе направиме анализа дали металната конструкција вреди да се задржи како конструкција или не вреди, истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.
„Понатаму истражуваме дали за оваа конструкција има преземено некакви акти во минатото. Ова е поприлично стара изградена конструкција, да видиме ако обезбедиме документација да се искористи, ако не е тоа возможно во ред, само ја чекаме проценката. Не можам да дадам рок, но ова ветување беше за рамка од 4 години. Но, ќе си дозволам да кажам дека до мене стигнаа уште две нови иницијативи за формирање на такви трговски центри во Општина Прилеп и се надевам дека до крајот на мандатот Општина Прилеп ќе има три затворени трговски центри, најмногу во Македонија“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп“, додаде Проданоски.
























