Проданоски: “OJO да не ги штити криминалците од СДСМ во Прилеп, Јованоски веднаш да го разреши директорот на старски дом”

Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се подлабоко тоне во нови и нови криминали. Вчера јавноста беше сведок како се врши злоупотреба на власта преку користење на службени возила за партиски цели – истакна на денешната прес конференција Дејан Проданоски, потпретседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Со цел да продолжат со изборниот потокуп, партиската организација на СДСМ чиј предводник е, кандидатот за пратеник, Миле Талески, го користи службеното комбе на Јавната општинска установа Дом за стари лица “Киро Крстески-Платник”.

Граѓаните видоа како активистите на СДСМ истовараат вреќи и ги внесуваат во месниот штаб во населбата Ѓогдере.

Денеска по којзнае кој пат го повикуваме Основното јавно обвинителство најитно да реагира и да го сузбие ваквото лудило кое го практикуваат СДСМ и Миле Талески.

ВМРО-ДПМНЕ располага и со видео материјал од настанот и сме целосно отворени за соработка доколку јавното обвинителство одлучи да реагира.

Истовремено бараме итна оставка од директорот на старски дом Мики Крстев, кој е одговорен за користењето на службеното возило на институцијата што ја раководи.

Почитувани,

Ова е начинот на кој СДСМ ќе се однесува во текот на целата предизвобрна кампања.

Соочени со очај и одговорноста која ќе следува после 15-ти јули, Миле Талески, градоначалникот Илија Јованоски и нивниот наредбодавач Зоран Заев ќе се служат со секакви нечесни и недемократски методи.

Целта е, колку толку да се намали изборниот пораз, а потоа да се пазарат со државните интереси за да останат на власт.

Тоа нема да им успее, граѓаните видоа со каков башибозук на власт имаа работа во изминатите 3 години и со нетрпение чекаат да му пресудат на СДСМ и Заев зад избирачките паравани”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.